Дома Фудбал Англија Клоп: Не сме ние како Пари Сен Жермен и Манчестер Сити

Клоп: Не сме ние како Пари Сен Жермен и Манчестер Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека ова лето Ливерпул неа да троши големи пари на засилувања.

Со Ливерпул во последните недели не се поврзуваа премногу фудбалери, а тоа можеби е и очекувано ако се знае каков состав има Клоп на располагање.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега тој најави дека клубот нема да троши премногу.

„Овој преоден рок нема да биде толку важен за нас. Во последните две години вложивме многу и не можеме секоја година да се расфрламе со пари…Само ПСЖ и Манчестер Сити можат да си дозволат секоја година да трошат 200-300 милиони евра“, изјави Клоп.

Во овој преоден рок Ливерпул во своите редови го доведе само Сеп Ван Ден Берг од Зволе.

„Може ќе доведеме само уште еден фудбалер, секако ако најдеме некој кој ни одговара. Но, и ако не доведеме никого нема да биде катастрофа. Веќе имам доволно решнија. Сигурно некои нема да бидат среќни, сите сакаат да имаме големи играчи и на клупата, тоа не е лесно“, заврши германскиот стратег.

Откако минатата сезона Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во наредната сезона клубот ќе се обиде да стигне до титулата во Премиер лигата на која чека долго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …