Дома Фудбал Англија Клоп: Нема шанси да испратиме понуда за Халанд, бројките се луди

Клоп: Нема шанси да испратиме понуда за Халанд, бројките се луди

Mенаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп соопшти дека нема никакви шанси „црвените“ да се вклучат во трката за доведување на Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Норвешкиот напаѓач скоро сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок, а како потенцијални нови дестинации се споменуваат Манчестер Сити и Реал Мадрид. Она што е сигурно е што Ливерпул нема да испраќа понуда за Халанд, барем така тврди Клоп.

„Нема шанси. Ние нема да учествувавме со било каква понуда. Бројките кои се споменуваат се луди и нема да имаме ништо со тоа“, порача Клоп.

Откупната клазула за тимовите кои го сакаат Халанд е најмал проблем затоа што таа изнесува 75 милиони евра. Проблем се останатите трошоци за трансферот кој на крајот би можел да достигне вредност од 350 милиони евра.

Во тие останати трошоци вклучени е бонус за потпис, менаџерски исплати, како и плата за Халанд кој најверојатно со новиот клуб ќе потпише петгодишен договор. Како најсериозни кандидати за доведување на Халанд во овој момент важат Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…