Дома Фудбал Англија Клоп: Нема да ги коментирам трансферите на Челзи без адвокат

Клоп: Нема да ги коментирам трансферите на Челзи без адвокат

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше прашан за коментар на огромните вложувања кои ги направи Челзи во јануарскиот преоден рок.

Челзи ја помина границата од 300 милиони фунти за нови засилувања, а заедно со сумата која ја потроши летово надмина 550 милиони фунти.

Клоп се пошегува дека ако каже искрено што мисли на таа тема ќе му биде потребен адвокат.

„Ако зборувам искрено ќе ми треба адвокат, па нема да кажам ништо без мојот адвокат. Не го разбирам тој дел од бизнисот, но сумите се огромни. Сите играчи кои ги донесоа се многу добри. Не разбирам како е тоа возможно, но тоа не е моја работа“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Венеција остана без тренер: Ѓовани Стропа доби отказ

Венеција се наоѓа на дното на табелата во Серија А, што доведе до отказ за тренерот Ѓовани…