Дома Трансфер зона Клоп најави јануарски трансфери

Клоп најави јануарски трансфери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека клубот може да биде активен во јануарскиот трансфер пазар.

„Многу сум среќен со тимот кој го имам на располагање, но секогаш велам, не се знае. Ќе ја оставам вратата отворена за нови засилувања“, истакна Клоп.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ако се случат некои работи ќе треба да бидеме активни на пазарот. Не очекуваат огромен број натпревари. Важно е да можеме да реагираме. Во спротивно, нема да купуваме нови играчи“, додаде германскиот стратег.

Во моментов посериозни повреди имаат дефанзивците Џо Гомез и Жоел Матип, па тоа најверојатно ќе биде зоната каде „црвените“ ќе донесат нови засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …