Дома Фудбал Англија Клоп: Кога Ливерпул ме побара се чувствував како кога ја запознав сопругата

Клоп: Кога Ливерпул ме побара се чувствував како кога ја запознав сопругата

Германскиот стратег Јирген Клоп во октомври 2015 година го превзема Ливерпул и тоа се покажа како полн погодок за овој клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клоп за неколку сезона од Ливерпул направи вистинска машинерија и со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, а сезонава само чудо може да ги спречи да не станат шампиони во Премиер лигата.

Неодамна Клоп го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2014 година. Сега Клоп објасни како се чувствувал кога добил повик од Ливерпул.

„Се сеќавам кога пред пет години бев без клуб. Имав повеќе понуди, но одлучив малку да одморам. Тогаш ме побара агентот и ми кажа дека Ливерпул е заинтересиран за мене. Тогаш се почувствував како кога ја запознав својата сопруга. Ја видов и си помислив „тоа е тоа, ќе се оженам со неа“. Така беше и со Ливерпул“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Огромен скандал го тресе Бразил пред Светското првенство: Дали докторите лажеле за повредата на Нејмар?

Огромен скандал ја потресува репрезентацијата на Бразил пред почетокот на Светското првенс…