Дома Фудбал Англија Клоп за резервните играчи: Тоа е како да имате „Ферари“ во гаража

Клоп за резервните играчи: Тоа е како да имате „Ферари“ во гаража

Ливерпул во натпреварот против Саутемптон настапи во прилично различен состав и запиша победа од 2:1. Во однос на составот кој играше финале во ФА Купот Клоп замени девет играчи, а со трите бода „црвените“ останаа во игра за шампионската титула до последното коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После натпреварот Клоп посебно зборуваше за резервните играчи.,

„Многу сум задоволен. Тие момци…Тоа е како да имате Ферари во гаража. Ги пуштате надвор и го прават ова. Не сум сигурен кога Харви Елиот играше последен пат, Куртис Џонс е надвор од ритам, злостоpство е што Минамино не игра повеќе, Алекс Окслејд-Чембрлејн е во фантастична форма, а воопшто не играл…“, изјави Клоп па продолжи:

„Понекогаш на овие момци им е тешко, но се што се случува се случува поради оваа група. Тие се одлични и тоа повторно го покажаа. Одиграа неверојатно. Направив девет измени, ако не успеевме да победиме одговорноста ќе беше моја“, истакна германскиот стратег.

Во последното коло на Ливерпул ќе му биде потребен кикс на Манчестер Сити против Астон Вила и нивна победа против Вулвс за да стигнат до титулата.

„Не се предаваме, ќе се обидеме. Играме дома, тоа ќе ни биде последен натпревар во сезоната. Атмосферата ќе биде одлична и ќе се обидеме да ја искористиме секоја шанса. Ние мораме да си ја одработиме нашата задача, фудбалот знае да биде непредвидлив“, оптимистично порача Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јасухира издоминира во азиската ЛШ – беше МВП и освои трофеј!

Кувајтскиот Бурган, предводен од извонредниот Косуке Јасухира, се закити со титулата на Аз…