Дома Фудбал Останато Клоп за историската одлука: Ќе бидам добар за да не се лути мајка ми

Клоп за историската одлука: Ќе бидам добар за да не се лути мајка ми

Јирген Клоп многу често знае да ја насмее јавноста со своите изјави и интересни коментари, а тоа беше и случај денес во пресрет на Суперкупот на Европа.

Новинарите го запрашаа што мисли за историската одлука на УЕФА Суперкупот на Европа да го суди жена.

Вечерва Стефани Фарпарт ќе се запише во историјата како прва жена која судел европски натпревар во машка конкуренција.

„Јас сум навистина среќен што токму ние ќе бидеме дел од овој историски момент. Според мене добро е што жена ќе суди важен натпревар. Тоа веќе е пракса во Германија и јас се надевам дека започнуваме една убава приказна. Ќе се обидам да бидам добар и да го покажам најдоброто лице за да не се лути мајка ми“, порача Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Добил отказ затоа што – ја затруднел ќерката на претседателот!

Неверојатна приказна ни доаѓа од Словенија. Нигерски фудбалер кој не сакаше да го открие и…