Ливерпул е заинтересиран за швајцарскиот репрезентативец Џердан Шакири, кој сигурно ќе го напушти Стоук после испаѓањето од Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените“ нема да имаат големи проблеми за реализација на овој трансфер со оглед на фактот што Шакири има откупна клаузула од 12,5 милиони евра.
Оваа сума не преставува проблем за Ливерпул кој сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското првенство.
Клоп смета дека Швајцарецот одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, а факт е дека му требаат повеќе фудбалери за ротација.
Ливерпул сакаше да го привлече Шакири пред четири години, кога беше фудбалер во Баерн, но тогаш крилниот фудбалер го избра Интер.