Дома Фудбал Англија Клатенбург тврди: Кристал Палас беше оштетен за два гола против Ливерпул

Клатенбург тврди: Кристал Палас беше оштетен за два гола против Ливерпул

Поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург ги коментираше спорните ситуации од натпреварот помеѓу Кристал Палас и Ливерпул. Според Клатенбург Кристал Палас бил оштетен за два гола на оваа средба.

Ливерпул славеше со 1:3, а според Клатенбург судиите требало да го поништат голот на Окслејд-Чемберлејн и да не го досудат пеналот во финишот од мечот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Судијата Кевин Френд требаше да ја задржи почетната одлука. Жота веќе беше без топка, одеше напред само за да изнуди судир со г олманот. Не ми е јасно зошто ВАР реагираше на оваа ситуција. Ова не е класична грешка на судијатан а теренот затоа што тој во прв момент процени дека нема пенал. Штета што не ја задржа одлуката“.

„Исто така во Палас може да бидат лути затоа што вториот гол на Ливерпул не беше поништен. Кога Робертсон нафрли Фирмино беше во офсајд и имаше влијание на играта затоа што противничкиот играч во спротивно лесно ќе исфрлеше“, изјави Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…