Дома Останати Тенис Кирјос: Се срамам од начинот на кој Австралија се однесува кон Ѓоковиќ

Кирјос: Се срамам од начинот на кој Австралија се однесува кон Ѓоковиќ

Ник Кирјос се огласи на Инстаграм за да прокоментира се што се случуваше во последните денови околу Новак Ѓоковиќ и австралиските власти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Австралискиот тенисер, кој важи за еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ застана на страната на српскиот тенисер и истакна дека е срамота начинот на кој Ѓоковиќ се третира во Австралија.

„Се срамам како австралиски спортист кој добро знае што тој човек направи за нас и за спортот. Мислам дека начинот на кој се однесуваме кон него не е исправен, но медиумите тука тоа го сакаат, тие сакаат да ги делат луѓето“

Кирјос не е сигрен дали ќе настапи на турнирот.

„Не се чувствувам идеално поради коронавирусот, но ќе направам се за да се опоравам до турнирот и на него ќе дадам се од себе“, изјави Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби ударен термин на стартот на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос ги објавија термините за натпреварите во недела, првиот ден …