Дома Тенис Кирјос продолжува со „лудориите“: Го гаѓаше судијата со шише (видео)

Кирјос продолжува со „лудориите“: Го гаѓаше судијата со шише (видео)

Ник Кирјос продолжува со своите непромислени потези и повторно направи инцидент во Вашингтон.

Кирјос го доби мечот со Јошита Нишиока со 6-2 и 7-5, но како и обично, беше незадоволен од судењето.

Тенисерот го гаѓаше судијата со шишето, ја погоди неговата столица, а кога арбитарот го праша зошто го направил тоа, Кирјос имаше глупаво оправдување.

„Ми падна од раце…“, кажа Кирјос.

Кирјос со ваквото однесување го навлече гневот на многу љубители на тенисот, а неодамна јавно призна дека има психички проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од дебитанти до шампиони: Оливети и Арибаж го освоија Торино со пресврт!

Албано Оливети и Тео Арибаж стигнаа до титулата на завршниот АТП-турнир во својот прв наст…