Дома Топ вести Килијан „Болт“ Мбапе: Французинот развил „луда“ брзина против Аргентина

Килијан „Болт“ Мбапе: Французинот развил „луда“ брзина против Аргентина

Вчера репрезентацијата на Франција ја елиминира Аргентина во осминафиналето, а херој за „триколорите“ беше младиот Килијан Мбапе.

Мбапе го воодушеви фудбалскиот свет, постигна два гола, но на самиот почеток на мечот имаше неверојатен продор со кој покажа колку е брз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многумина ги интересираше брзината на 19-годишниот Французин во моментот кога прелета покрај Аргентинците, а сега и тој податок е откриен. Според „8Fact Football WC“ кој се занимава со статистика на Светското првенство, Мбапе вчера трчал со 38 километри на час додека минувал низ одбраната на „гаучосите“.

Интересно, Болт на Светското првенство во Берлин во 2009 година ја истрчал делницата од 100 метри со 37,6 километри на час и го поставил рекордното време од 9,52 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…