Дома Трансфер зона Кеси и дефинитивно во Барса – познати деталите од договорот

Кеси и дефинитивно во Барса – познати деталите од договорот

Како што денес пренесуваат медиуми во Шпанија и Италија Франк Кеси од лето дефинитивно ќе ја засли Барселона како слободен играч бидејќи договорот со Милан му завршува на 30. јуни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси во понеделникот ја договорил соработката со каталонскиот гигант, а покрај веројатно Андрес Кристенсен од Челзи тој ќе биде второто големо засилување за Барселона за наредната сезона.

Доаѓањето на Кеси значи и разделба со младиот Рики Пуиг кој судејќи според ситуацијата ќе биде вишок во плановите на Чави за проектот 2022/2023.

Според информациите на Фабрицио Романо Кеси во Барселона ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сезонава не игра толку влијателна улога во Милано како што тоа беше случај во претходните години, но и понатаму е со репутација на еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…