Дома Фудбал Останато Кварежма херој за Бешикташ во големото турско дерби (ВИДЕО)

Кварежма херој за Бешикташ во големото турско дерби (ВИДЕО)

Бешикташ денес славеше над Фенербахче со 3:1 на домашен терен во рамки на 23. коло во турското првенство.

Беше ова важен меч во битката за титулата, а Бешикташ на крајот по пресврт славеше победа.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Гостите подобар го отворија мечот и по осум минути поведоа преку Фернандес со 1:0. Во продолжението Бешикташ играше многу подобро и до израмнување дојде преку Вида во 49. минута.

Со крајот на средбата домашните направија пресврт, а брилјираше и Кварежма. Португалецот најпрво во 77. минута погоди за 2:1, а во судското продолжение со уште еден погодок ја потврди победата на својот тим.

Бешикташ сега има 44 бода и се наоѓа на третата позиција и тоа поради подобра гол разлика во однос на денешниот ривал кој има исто толку бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…