Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус нема да му понуди нов договор на Хуан Квадрадо.




Квадрадо влезе во последната година од договорот со Јувентус и преговорите за продолжување на сорабтката пропаднаа бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тоа значи дека 34-годишниот Колумбиец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го доведе Квадрадо без обештетување. „Нероаѕурите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.