Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Карлос прогнозира: Поминуваат и Бразил и Србија

Карлос прогнозира: Поминуваат и Бразил и Србија

Легендарниот лев бек верува во двете репрезентации, но потенцираше дека Бразил ќе биде шампион.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Роберто Карлос е често во Србија каде што работи како заштитно лице за брендот „planetwin365“, но таму и посетуваше тренерско училиште.

Сега Карлос зборуваше за неговите очекувања од вечерашниот натпревар.

„Србија е искусен тим. со добри играчи. Најмногу ги познавам играчите кои играат во гоелмите европски лиги. Имаат многу искуство. Натпреварот ќе биде навистина интересен. Ако мене ме прашувате, во осминафиналето одат и Бразил и Србија. Бразил ќе биде шампион, а изненадување ќе направи некоја од афричките репрезентации“, изјави Карлос.

Потоа легендарниот фудбалер беше запрашан и за менталитетот на играчите. Сите очекуваат „извинување“ за кошмарот од полуфиналето на Мундијалот пред четири години кога Бразил беше поразен со 7:1 од Германија.

„Тоа беше неочекувано, никогаш порано не се случило такво нешто. Но, мислам дека сега треба да играме и веруваме дека повторно можеме да бидеме шампиони. Ги имаме најдобрите играчи во репрезентацијата и мислам дека е вистински момент за голем успех“, истакна Роберто Карлос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Симеоне само со учеството во ЛШ на Атлетико му заработил богатство!

Оваа сезона веќе заработија 75,15 милиони евра, а кога УЕФА ќе ја заврши пресметката на кр…