Дома Фудбал Англија Капитенот на Јунајтед: Второто место не е доволно, ни требаат титули

Капитенот на Јунајтед: Второто место не е доволно, ни требаат титули

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е задоволен од развитокот на клубот, но порача дека тимот треба да освојува трофеи.

Манчестер Јунајтед заврши на второто место во Премиер лигата, а Мегваер се надева дека наскоро „црвените ѓаволи“ ќе ја освојат титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Второто место не е доволно. Треба да се подобриме и да почнеме да освојуваме титули во Премиер лигата. Сметам дека добро се развиваме, но едноставно Сити имаше фантастична сезона. Испуштивме многу бодови на глуп начин и следната сезона треба да бидеме посилни“, изјави Мегваер.

Јунајтед во среда игра финале во Лига Европа, па може со важен трофеј да ја заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ги отстрани сите дилеми: По Бразил би водел само еден клуб до крај на кариерата

Еден од најдобрите тренери на својата генерација е легендарниот Карло Анчелоти кој сега да…