Едуардо Камавинга би можел во јануари да се пресели во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Камавинга минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Рен за 30 милиои евра и во својата прва сезона покажа дека е еден од најголемите таленти во светот.




Меѓутоа, оваа сезона не добива голема минутажа и не може да се избори со конкуренцијата.
Младиот Французин од почетокот на сезоната има одиграно само 340 минути во сите конкуренции.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус, кои ќе се обидат да го донесат на позајмица во јануари.




Реал не сака да се откаже од својот талент, но е спремен да го испрати на позајмица до крајот на сезоната без право на откуп.