Дома Останати Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џонс Јуниор и ќе се бори со ѕвездата на Јутјуб Џејк Пол (27) на 20 мај во Арлингтон за хонорар од 20 милиони долари.

Дали тоа ќе биде егзибиција или професионална борба сè уште е под знак прашалник (поминаа 19 години од последната професионална борба на Тајсон), но поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија се подготвува за Пол како да е во прашање професионален меч.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во текот на подготовките Тајсон откри дека се откажал од работите во кои вообичаено најмногу ужива.

„Живеам дисциплиниран живот. Поминаа шест недели откако последен пат пушев трева и имав секс. Тоа не ми случило од детството“, изјави Тајсон во интервју за магазинот Форбс и додаде дека тренира трипати на ден.

„Не ми се допаѓа што не можам да спијам со сопругата, но се лажам себеси дека ми се допаѓа што е така“, изјави Тајсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…