
Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Манчестер Сити и Интер во сабота од 21:00 часот ќе го играат финалето во Лигата на шампионите.
Англискиот клуб е голем фаворит во овој натпревар, а така смета и славниот тренер Ариго Саки. Во разговор за „Газета дело Спорт“, Саки зборуваше како Интер би го запрел Халанд.
„Како Интер да го запре Халанд? Само со пушка…Шегата на страна, бековите на Интер мораат да бидат залепени до играчите за врска на Сити и Хлаанд така би останал помеѓу тројцата стопери. Проблем ќе биде ако еден од тие стопери излезе на Де Брујн и вториот среден играч кој втрчува, Сити е многу поквалитетен во средниот ред“, смета Саки.
Пеп Гвардиола неколку години се обидува да ја освои титулата во Лигата на шампионите со Манчестер Сити, а со Халанд кој пристигна минатото лето „граѓаните“ изгледаат навистина моќно.