Tимот на Атлетико Мадрид игра одлично оваа сезона во Примера и после есенскиот дел од првенството тие се лидери на табелата пред Реал Мадрид и Барселона.
Од 13 одиграни натпревари тимот на Диего Симеоне собра вкупно 32 бода, исто колку и градскиот ривал Реал Мадрид, но тимот на Зидан има два натпревари повеќе. И оваа сезона многу се зборува за одлуките на ВАР собата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Познатиот шпански медиум „АС“ сега одлучи да провери како би изгледала табелата без ВАР.
Интересно е што и без ВАР промени многу нема да има. Атлетико повторно би бил лидер со ист број на освоени бодов. Реал би имал два бода помалку (32-30). И Барселона како и Реал би имала два бода помалку (24-22).