Дома Трансфер зона КАКОВ ТРАНСФЕР ЗА КРАЈ: Милинковиќ-Савиќ го напушта Лацио, позната следната дестинација

КАКОВ ТРАНСФЕР ЗА КРАЈ: Милинковиќ-Савиќ го напушта Лацио, позната следната дестинација

Иако изгледаше дека Милинковиќ-Савиќ ќе остане во Лацио, сега работите се различни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако римскиот клуб за српскиот репрезентативец бара повеќе од 100 милиони евра, изгледа дека сепак на крајот ќе ги напушти ова лето. Милан е заинтересиран да го доведе во своите редови, откако што пристигнаа Калдара и Игуаин. Но, поранешниот шампион на Италија има интересен начин како да го доведе Сергеј, па прашањето е дали Лацио ќе се согласи на тоа.

Имено, Милан би сакал да му исплати на Лацио 40 милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот на играчот на крајот од сезоната за 70 милиони. Така римскиот клуб би добил 110 милиони, но од два дела. Затоа прашањето е дали ќе се согласи на тоа.

Лацио следната година ќе игра во Лигата на Европа. За Сергеј претходно беа заинтересирани Реал, Барселона, Сити, Челзи, Јувентус… но никој не би сакал да плати повеќе од 100 милиони евра за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…