Дома Фудбал Каков проблем за „Старата дама“: Осуммина надвор за дуелот против Лацио

Каков проблем за „Старата дама“: Осуммина надвор за дуелот против Лацио

Јувентус моментално има големи проблеми со повредени играчи, па дури осуммина би можеле да го припуштат дуелот со Лацио.

По завршувањето на репрезентативната пауза, ќе се продолжи во националните првенства, а „Старата дама“ ја очекува дуел со екипата на Лацио.

Масимилијано Алегри има големи проблеми, нема да може да смета на неколкумина клучни играчи.

Одамна е познато дека се повредени Пјаца, Ховедеес, Де Шиљо, Маркизио и Кедира, а повреда во текот на репрезентативниот собир заработија Манџукиќ и Барзаги.

Освен тоа, под знак прашање е и настапот на босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ кој го пропушти синоќешниот дуел со Белгија во Грбавиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …