Дома Фудбал Англија Каква ќе биде судбината на Конте – Преговара ли Челзи зад негов грб?

Каква ќе биде судбината на Конте – Преговара ли Челзи зад негов грб?

Пристигнуваат нови информации околу иднината на Антонио Конте…

Шпекулациите не стивнуваат, иднината на Антонио Конте во Челзи не е сигурна. Се пишуваше дека ќе го наследи Карло Анчелоти, но подоцна поранешниот тренер на Јувентус излезе со изјава во јавноста дека добил извинување од Анчелоти и дека не преговарал зад негов грб.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Конте беше играч на Јувентус кога Анчелоти ја предводеше „старата дама“ и тие двајца се во одлични односи. Она што е точно е дека Анчелоти пред неколку недели преговарал со Челзи, но сега се појавија информации дека му е порачано да го почека летото.

Со други зборови тоа значи дека Конте сигурно ќе замине и дека Роман Абрамович не сака проблеми во внатрешноста на клубот, па лошите односи со дел од фудбалерите Конте би можел да ги плати на лето.

Наводно Анчелоти ја чека шансата да се врати во Челзи каде што доби отказ пред две сезони. Се пишува и дека тому поради тоа го откажал договорениот ангажман во Кина, поради тоа не сака да ја превземе Италија, но не сакаше ниту да преговара со Евертон и Милан.

Дали договор постои тешко е да се каже, Конте веројатно ќе ја заврши сезоната и ќе се врати во Италија или евентуално ПСЖ. Ниту него не го интересира враќање на клупата на репрезентацијата, познато е дека е во лоши односи со сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ја разгледува можноста за ангажман на младиот талент од Манчестер Јунајтед

Арсенал размислува за ангажман на играч од редовите на Манчестер Јунајтед во зимскиот тран…