Дома Фудбал Останато Кавани стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, но клубот му го даде најсрамотниот поклон

Кавани стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, но клубот му го даде најсрамотниот поклон

Едисон Кавани овој викенд стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој против Монпелје постигна еден гол и стигна до бројката од 157 гола во 229 настапи за францускиот гигант. Претходниот рекорд го држеше Златан Ибрахимовиќ со 156 гола во 180 натпревари.

Сепак, Уругаецот сигурно ќе биде разочаран од поклонот кој го доби. По импресивното постигнување, клубот по натпреварот оджа мала церемонија, а му поклонија 2D фигура од самиот себе. И тоа е тоа. Ќе се согласите, многу скромно од страна на еден од најбогатите клубови во светот.

Се надеваме дека покрај ова, Кавани ќе добие уште нешто, но зад главната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…