Дома Фудбал Англија И новинарите го избраа Салах за најдобар во Англија!

И новинарите го избраа Салах за најдобар во Англија!

Феноменалниот Мохамед Салах освои уште една награда. Напаѓачот на Ливерпул беше прогласен за „Играч на сезоната во Англија“ во анкетата меѓу британските спортски новинари.

Пред само неколку дена Салах беше избран за број 1 од Здружението на професионални фудбалери, а денес и новинарите го избраа Египаќанецот за најдобар во Англија.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Изборот го организираше Асоцијацијата на англиските спортски новинари. Во изборот, Салах ја доби наградата пред играчот на Манчестер сити, Кевин Де Брујн.

Салах ќе ја добие својата награда на специјална церемонија во Лондон на 10-ти мај. Така тој го повторува успехот на Н’Голо Канте од Челзи, кој минатата сезона ги освои двете награди.

Поранешниот играч на Рома стана првиот Африканец кој ја заработува довербата на новинарите од 1948 година, кога започна споменатата анкета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…