Во последните моменти од преодниот рок Барселона го договораше трансферот на Хулијан Арахујо од Лос Анџелес Галакси, меѓутоа кога се договорија не стигнаа навреме да го регистрираат Араухо.
Потписот на Араухо според информациите на шпанските медиуми доцнел само неколку секунди, а Барселона требаше да го добие за четири милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот задоцнил со испраќањето и потпишувањето на документацијата. Сепак, во Барселона се надеваат дека ситуацијата може да се промени со испратената жалба до Ла Лига.
Дали Араухо ќе биде дел од Барселона во овој преоден рок би требало да се знае до крајот на денот. Инаку, слична ситуација му се случи и на Хаким Зијеш кој имаше договорена позајмица во ПСЖ.