Дома Фудбал Англија И на Американците им станало јасно: Денешниот натпревар на Потер беше неговиот последен на клупата на Челзи!

И на Американците им станало јасно: Денешниот натпревар на Потер беше неговиот последен на клупата на Челзи!

Според последните информации од Островот, Грем Потер нема да го преживее најновиот пораз на Челзи и ќе добие отказ во следните 24 часа.

Денес „сините“ беа поразени од Тотенхем со 2:0 и тимот е десетти на табелата што е кастрофално со оглед на сумата која ја потрошија на засилувања. Сопственикот Тод Боели и раководството имаа поддршка за Потер, но изгледа тука е крајот и на Американецот му станало јасно дека Потер нема капацитет да го извлече Челзи од кризата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Потер и денес правеше ротација, меѓутоа никако не успева да ја пронајде добитната комбинација. Англиските медиуми повеќе немаат дилема и на големо се тврди дека ова беше последен натпревар на клупата на Челзи за Потер.

Отказот според најавите би требало да го добие во следните 24 часа, а како можни нови опции се споменуваат Покетино, Зидан, Луис Енрике, Тухел…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта го изгуби трпението поради ѕвезда на Барселона: Ова е срамота!

Меѓународната пауза повторно се покажа како фатална за Барселона откако Рафиња претрпе пов…