За потенцијалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан се почесто се зборува.
Сезоната во МЛС лигата наскоро завршува, а Златан Ибрахимовиќ би можел да ја промени средината. Милан е заинтересиран, а сега Антонио Касано им порача на „росонерите“ дека воопшто не треба да размислуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доколку јас сум во Милан, би го довел без размислување“, изјави Касано кој потоа потенцираше дека според него и тренерот на Милан, Џенардо Гатузо го дели сличното мислење.
„Доколку постои можност, мислам дека Гатузо веднаш би заминал кај него и би зборувал лично“, смета Касано.
Претходно ќе потсетиме, Мино Раиола изјави дека засега нема ништо, но дека е спремен да седне на маса и да преговара.