Дома Фудбал И Зидан ја коментираше победата на Реал од 31:0 во детските категории

И Зидан ја коментираше победата на Реал од 31:0 во детските категории

Генерацијата на Реал Мадрид до девет години славеше против Вилаверде со неверојатни 31:0.

Овој натпревар беше одигран за викендот, а резултатот предизвика бес кај противникот кој смета дека во младинските категории не треба на овој начин да се понижува противникот. Во Вилаверде сметаат дека Реал требало застане кога се било решено.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Целата ситуација сега ја коментираше и Зинедин Зидан.

„Лошо е да се прими 31 гол, но не може тренерот да му каже на својот тим да не напаѓа. Ваквите работи се случуваат во фудбалот. Ваквите проблеми треба да ги реши федерацијата. Пример, во кошарката во младинските категории ако некој тим води со 50 разлика натпреварот завршува. Нешто слично треба да се примени и во фудбалот“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …