Дома Фудбал Италија Италија ќе „увезува“ напаѓач во националниот состав

Италија ќе „увезува“ напаѓач во националниот состав

Италијанците се дефицитарни со напаѓачи и се одлучни тој проблем да биде решен со помош на „увоз“.

Според информациите на Тутоспорт и уште некои медиуми од „Чизмата“, новиот селектор, кој и да биде именуван, ќе добие препорака во националниот тим да го повика Аргентинецот со италијанските корени, Себастијан Дријуси.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Напаѓачот на Зенит има 21 година, Италијански пасош и во младите категории играше за разни селекции на Аргентина, но како што се уште не дебитирал за А тимот, Италијанците ја гледаат својата шанса.

Како што се наведува, Дријуси веќе е познат во плановите на Италијанците и сега е на нему да одлучи. Со оглед на жестоката конкуренција во тимот, може да се каже дека Дријуси лесно би можел да се одлучи за земјата на своите предци.

За потсетување, младиот напаѓач изминатото лето пристигна во Зенит од Ривер Плата и тој трансфер Русите ги чинеше 15 милиони евра. Оваа сезона Себастијан Дријуси одигра 14 натпревари во руското првенство, постигна три погодоци и четири пати асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб –…