Дома Трансфер зона Италијанците убедени: Се е завршено, „падна“ договор за првото засилување за Анчелоти

Италијанците убедени: Се е завршено, „падна“ договор за првото засилување за Анчелоти

Според информациите на италијанските медиуми, Наполи го обезбеди првото засилување за наредната сезона.

Првата сезона за Анчеоти во Наполи не помина како што се надеваше и поради тоа се спремаат големи промени, а еден од фудбалерите кои од лето многу веројатно ќе го носи синиот дрес е Џордан Веретут.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Овој 27 годишен француски фудбалер го носи дресот на Фиорентина каде што прикажа навистина одлични настапи, а неговите настапи во Серија А не поминаа незабележано од клубот од Неапол и одлучија токму со него да го освежат средниот ред.

За неговото доаѓање под Везув многу се пишуваше и во претходните недели, а според последните информации конечно бил постигнат договор. Веретут ќе потпише петгодишен договор според кој ќе добива плата од два милиони евра по сезона.

Наполи за неговите услуги на Фиорентина се очекува да и плати околу 20 милиони евра.

Веретут оваа сезона во Серија А одигра 30 натпревари, постигна пет погодоци и запиша три асистенции, а пред да пристигне на Апенините го носеше дресот на Астон Вила, Сент Етјен и Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…