Италијанските клубови Милан и Лацио водат битка за потписот на турскиот репрезентативец Огузан Озијакуп.
Ова денес го потврди агентот на играчот на Бешикташ, кој на крајот на годината ќе биде слободен агент.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Можам да потврдам дека Милан и Лацио се заинтересирани за Озијакуп. Имаме понуди и од други клубови. Конечната одлука ќе ја донесеме за две недели“, изјави агентот на фудбалерот.
Турскиот плејмејкер е продукт на школата на Арсенал, но никогаш не диби вистинска шанса на „Емирати“, а фудбалската афирмација ја доживеа во Бешикташ.