Дома Трансфер зона Италијанските клубови се „тепаат“ за ѕвездата на Фулам

Италијанските клубови се „тепаат“ за ѕвездата на Фулам

„Скај Спорт“ пренесува дека италијанските гиганти Милан, Наполи и Рома се силно заинтересирани за плејмејкерот на Фулам, Жан Мишел Сери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После отпаѓањето на Фулам во Чемпионшип јасно е дека Сери ќе го напушти клубот, а за него интересот е голем.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста пристигна во Фулам минатото лето кога клубот потроши 100 милиони евра за засилувања.

Сери не се снајде баш најдобро во Премиер лигата и во 32 натпревари постигна 1 гол и запиша 3 асистенции.

Неговиот менаџер го потврди интресот на италијанските клубови, но проблем е што Фулам за неговата слобода бара 22 милиони фунти, сума која во моментов споменатите клубови не се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…