Се споменува многу големи клубови, но изгледа победи еден од оние од кои воопшто не се очекуваше.
Како и што најавивме вчераш Жан Мишел Сери пристигна во Лондон во текот на вчерашниот ден, но место Арсенал или Челзи, изненадувачки го избра – Фулам!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фулам и понуди на Ница 20 милиони евра, а изгледа дека францускиот клуб ја прифати понудата и дека договорот е постигнат, пренесува познатиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио.
Голем интерес за Сери владееше и минатото лето, за неговиот потпис се интересираше Барселона, но на крајот тој трансфер пропадна. Последната сезона не беше на истото ниво, имаше нешто послаба сезона, но сепак голем број клубови беа во борба за неговиот потпис.
Од Шпанија Севиља го гледаше како наследник на Нзози, од англиските клубови, Челзи преговараше веќе неколку месеци, во трката се вклучи и Арсенал, но на крајот победи Фулам.
#Seri from @ogcnice to @FulhamFC: deal done ✅ @SkySport @SkySportsNews
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 10, 2018