Италијанскиот доктор кој од Новак Ѓоковиќ ја прими донацијата од милион евра за едно од жариштата на коронавирусот во Европа, Бергамо бил воодушевен од хуманиот потег на Ноле, но и неговите зборови.
Петер Асембергс, откри дека Ѓоковиќ донирал огромен износ за болниците Тревиљо-Каравиџо и Романо ди Ломбардија, кои се најмногу погодени од коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој не ја наведе точната цифрка која Ѓоковиќ ја подарил онаму каде што е најпотребна. Подоцна е прецизирано дека се работи за милион евра, а сега тој откри што му кажал Ѓоковиќ кога го прашал дали сака да се знае колкав износ донирал.
„Признавам бев шокиран во тој момент. Да тоа е вистинскиот израз кој го имав по одговорот на прашањето дали сака да објавиме колку донирал: Искрено, мене не ми е важно дали тоа ќе го објавите и не мора да се знае дека нешто воопшто сум дал, а не пак колку. Освен, секако ако сметате дека објавувањето на таа информација ќе придонесе за придонесе за нови донатори“, ги откри докторот зборовите на Новак.