Дома Кошарка Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј-офот откако беа подобри од ЛА Клиперс со 114:101.

Со овој триумф Далас дојде до победа во серијата со 4:2 и така се пласираше во следната рунда.

Одлични изминатата вечер беа Лука Дончиќ и Кајл Ирвинг. Дончиќ натпреварот го заврши со 30 поени, додека Ирвинг уфрли два помалку.

Во првата рунда на истокот се уште нема разрешница, Орландо победи во шестиот натпревар против Кливленд и така дојде до 3:3 и обезбеди „мајсторка“.

На Кливленд не му помогнаа ниту 50 поени на Донован Мичел. На спротивната страна Паоло Банкеро постигна 27 поени, Франц Вагнер 26 и Џејлен Сагс 22.

Победникот од оваа серија во полуфиналето на Истокот ќе оди на Бостон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ПАОК го сака Дорси, Олимпијакос бара пет милиони евра?

Според италијанска „Република“, Тајлер Дорси е блиску до тригодишен договор со ПАОК, додек…