Како што објавија од МВР, автобусот со кошаркарите на МЗТ по вчерашното дерби против Работнички бил каменуван.
Во соопштението од полицијата се наведува дека за среќа немало повредени, но е направена материјална штета, со напомена дека се работи на расчистување на случајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега непознати лица вчеравечер околу 22:50 часот го скршиле стаклото на автобусот кој ги пренесувал кошаркарите од враќањето од натпреварот одигран во Гостивар.
Автобусот бил каменуван на улицата „Васко Карангелевски“ во близина на спортската сала „Јане Сандаски“ која кошаркарите на МЗТ Скопје ја делат со ракометарите на Вардар.
Лидерот на табелата Работнички во вчерашното „вечно дерби“ славеше победа над МЗТ со 97:74, натпреварот беше одигран без публика.