Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој игра одлично во Серија А и веќе подолго време интерес за него покажуваат Милан и Барселона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер.
„Нероаѕурите“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а поради потешкотиите да дојдат до потписот на Фратези, сега ќе се насочат кон Самарџиќ.
Медиумите тврдат дека Удинезе за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која Интер сака да ја намали со вклучување на некој млад фудбалер.