Дома Топ вести Интер ја зголеми понудата: Ериксен на чекор од Милано

Интер ја зголеми понудата: Ериксен на чекор од Милано

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен е многу блиску до трансфер во Интер, пренсуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Договорот на Ериксен завршува на крајот на сезоната и може на лето како слободен агент да се пресели во Милано, но „нероаѕурите“ го сакаат веднаш.

„Спарси“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра, Интер понуди 15, па двете страни продолжија со преговорите.

Последните информации се дека Интер вклучил и 3 милиони како бонуси на понудата од 15 милиони, па во наредните часови се очекува трансферот да биде потврден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…