Дома Топ вести Интер тргнува по дефанзивецот на Борусија Дортмунд

Интер тргнува по дефанзивецот на Борусија Дортмунд

Италијанскиот гигант Интер е во потрага по дефанзивец откако ја загуби битлата за Глеисон Бремер од Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ спремаат понуда за 26-годишниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.

Во Интер сметаат дека Аканџи ќе биде идеална замена за Скриниар, кој е пред трансфер во ПСЖ за 65 милиони евра.

Швајцарецот за германскиот клуб одигра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година и е спремен да ја промени средината.

Дортмунд за неговата слобода бара 30 милиони евра, а Интер ќе се обиде да го договори трансферот за 20 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…