Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а најголема желба е Нголо Канте од Челзи.
Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер веќе испратил прва понуда за Французинот, која била експресно одбиена од страна на Челзи.
„Нероаѕурите“ не се откажуваат и спремаат нова понуда, што ќе биде последен обид да го донесат Канте во овој преоден рок.
Имено, Интер е спремен да ги понуди Скриниар и Брозовиќ, а за возврат да го добие потписот на Французинот. Пазарната вредност на двајцата фудбалери на Интер изнесува 80 милиони евра, па сега се чека одговор од Челзи.
? SONDAGGIO https://t.co/VdiktdtZ9x – #Inter, l'ultimo sforzo sul mercato andrebbe concentrato su #Kante o #Smalling
— calciomercato.it (@calciomercatoit) September 27, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/VHM3OSDLeC