Дома Фудбал Интер со сериозни проблеми пред одлучувачкиот меч во ЛШ!

Интер со сериозни проблеми пред одлучувачкиот меч во ЛШ!

Фудбалерите на Интер утре го пречекуваат тимот на ПСВ во одлучувачкиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони.

„Нероаѕурите“ мора да победат на овој меч, но во исто време да се надеваат дека Тотенхем нема да ја победи Барселона, во меч кој е без значење за Каталонците.

Тренерот Спалети се соочува со сериозни проблеми пред овој меч, бидејќи нема да може да смета на двајца клучни фудбалери.

Имено, Весино и Наинголан се надвор од тимот поради повреда, а додатен проблем е што Гаглиардини и Жоао Марио не се пријавени во листата за ЛШ.

Интер во овој момент на располагање има само двајца играчи за врска, а тоа се Брозовиќ и Борха Валеро, па во мечот против ПСВ, можно е принудно Асамоа да игра во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…