Дома Трансфер зона Интер сака да ја „распарчи“ Рома: После Манолас, купува уште една ѕвезда!

Интер сака да ја „распарчи“ Рома: После Манолас, купува уште една ѕвезда!

Неодамна медиумите во Италија потврдија дека Интер се договорил со дефанзивецот на Рома, Костас Манолас и дека тоа ќе биде првото летно засилување за „нероаѕурите“.

Наводно Манолас веќе постигнал договор со миланскиот клуб и одбил да потпише нов договор со Рома, па „волчицата“ ќе биде приморана да го продаде.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Наводно Интер понудил 45 милиони евра за потписот на грчкиот репрезентативец, сума која ги задоволила апетитите на „волчицата“.

Денес „Газета дело Спорт“ тврди дека главна цел за засилување на средниот ред на „нероаѕурите“ ќе биде играчот на Рома, Кевин Стротман.

Весникот тврди дека Интер на Стротман ќе му понуди 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона, а за неговиот потпис е спремен да и плати на Рома 45 милиони евра.

Холанѓанецот ја пропушти минатата сезона поради повреда на коленото, но оваа сезона целосно е рехабилитиран и пружа одлични партии, па без сомнеж би бил големо засилување за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…