Дома Топ вести Интер на чекор до големо засилување

Интер на чекор до големо засилување

Интер е во напредни преговори со францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.

Турам оваа сезона игра одлично, има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Французинот истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони, па неколку гиганти ја почнаа трката за неговиот потпис.

Интер сака да ја победи конкуренцијата и спремил 5-годишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона, а преговорите се во напредна фаза.

„Нероаѕурите“ во него гледаат идеална замена за Лукаку, кој на крајот на сезоната ќе се врати во Челзи, а клубот е спремен да го стави и Хоакин Кореја на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…