Дома Фудбал Останато Интер Мајами за првпат со Меси не постигна гол

Интер Мајами за првпат со Меси не постигна гол

За првпат Интер Мајами со Лионел Меси во тимот не постигна гол, откако претходно на сите 10 натпревари со Аргентинецот МЛС клубот постигнуваше голови.

Тимот на Нешвил е првиот противник во кој Интер Мајами не постигна гол со Меси во тимот, натпреварот заврши без победник 0:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Беше Интер Мајами подобар тим, ја држеше топката во свои нозе со 70% посед на топак, создаваа шанси, но тоа не беше доволно да се совлада противничкиот чувар на мрежата.

Меси одигра 90 минути и остана без учинок. Досега Аргентинецот на 10 натпревари за Интер Мајами постигна 11 голови и додаде три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…