Дома Трансфер зона Интер го „украде“ италијанскиот репрезентативец пред носот на Милан

Интер го „украде“ италијанскиот репрезентативец пред носот на Милан

Градските ривали Интер и Милан водат голема битка за потписот на ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец Стефано Сенси.

Сенси беше голела желба на Милан уште во зимскиот преоден рок, а италијанските медиуми тврдеа дека плејмејкерот сигурно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес ова лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Росонерите“ постигнаа комплетен договор со играчот, но никако не успеваат да најдат заеднички јазик со Сасуоло, кој за слободата на својот играч бара 30 милиони евра, додека Милан понуди 20 милиони.

Таквата ситуација се обиде да ја искористи Интер, кој денес имаше состанок со неговиот агент, но и со Сасуоло, па медиумите тврдат дека сега „нероаѕурите“ се во пол позиција за неговиот потпис.

Интер и Сасуоло наводно постигнале договор за трансферот, па сега останува уште Сенси да ги договори личните услови.

23-годишниот играч за врска минатата сезона на 28 одиграни натпревари во Серија А постигна два погодоци и додаде четири асистенции.

https://youtu.be/pGrNU7GAz04

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…