Дома Трансфер зона Интер го продава „најголемото промашување“ за 22 милиони

Интер го продава „најголемото промашување“ за 22 милиони

Бразилскиот клуб Фламенго е спремен да плати 22 милиони евра за да го донесе во своите редови напаѓачот на Интер Габриел Барбоса, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фламенго бара замена за Лукас Пакета кој се пресели во Милан, а на врвот на листата желби е токму Габигол.

Габигол последната година граше на позајмица во Сантос, каде ја поврати старата форма и стана најдобар стрелец во бразилското првенство.

Габигол треба да се врати во Интер следниот месец, но очигледно за него нема место во тимот на Спалети, па „нероаѕурите“ се спремни да ја прифатат понудата од Фламенго.

Бразилецот пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2016 година како големо засилување за 33 милиони евра, но не успеа да го покаже својот квалитет во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…