Дома Фудбал Интересно: Реал Мадрид е подобар како гостин!

Интересно: Реал Мадрид е подобар како гостин!

После победа над Малага од 2:1, Реал Мадрид стана единствениот клуб во Примера кој оваа сезона има подобра статистика како гостин.

Момчињата на Зидан на гостувањата оваа сезона освоиле 34 бода на 16 натпревари, а на „Сантиаго Бернабеу“ имаат еден бод помалку во истиот број натпревари.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Со сигурност големото заостанување зад лидерот Барселона се должи на лошите домашни резултати – 10 победи, но и 3 порази и 3 ремија. При гостувањата „кралевите“ исто така имаат 10 победи, но 4 ремија и само 2 порази.

Слична е ситуацијата во Купот на кралот и во Лигата на шампиони, каде „кралевите“ не успеаа да победат дома против Фуенлабрада, Нумансија и Леганес (Куп), како и Тотенхем и Јувентус (ЛШ)

Слична е ситуацијата во Купот на кралот и во Лигата на шампиони, каде „кралевите“ не успеаа да победат дома против Фуенлабрада, Нумансија и Леганес (Куп), како и Тотенхем и Јувентус (ЛШ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума по тешкиот пораз брутално искрен: Ова е неприфатливо!

Голем удар за италијанската репрезентација на Сан Сиро. И покрај тоа што поведе, тимот на …