Дома Трансфер зона Инсиње се враќа во Серија А, но не во Наполи?

Инсиње се враќа во Серија А, но не во Наполи?

Италијанскиот фудбалер, Лоренцо Инсиње е во котнакт со тренерот Маурцио Сари и сака да се врати во Серија А по скоро две години играње за Торонто.

Инсиње во овој момент е во Италија, а „Кориере дело Спорт“ пренесува дека во средата го посетил новиот тренер на Наполи, Валтер Мацари во клупскиот тренинг центар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа тој не сака да премине во Наполи, туку во Лацио и италијанските медиуми прнесуваа дека го известил тренерот на римскиот тим, Маурицио Сари. Лацио во овој момент е 10-ти во Серија А и се уште не се пласирал во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Ако се пласираа во осминафиналето од елитата ќе имаат дополнителни 10 милиони евра за претстојниот преоден рок, пренесе „Кориере дело Спорт“.

Инсиње има договор со Торонто до 2026 година и тој клуб би можел да го пушти да замине или на позајмица или да го раскине договорот поради неговата плата од 11.5 милиони евра. Во дресот на Торонто Италијанецот одигра 33 натпревари и постигна 11 голови.

Во Италија израсна во вистинска легенда за Наполи каде што играше од 2010 до 2022 година и на 434 натпревари постигна 122 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…